Дрисла / Фото: ДЗС

ВИДЕО | Со засилена механизација се работи на затрупување на изворот на чад во „Дрисла“

Во депонијата „Вардариште“ пак, каде што исто така имаше чадење претходните денови, ситуацијата е оценета како стабилна, но и таму продолжуваат активностите.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше за состојбата на депонијата „Дрисла“, посочувајќи дека од утрово напорно се работи на затрупување на делот од каде што чади.

„Направивме два пристапни земјени патишта до местото кадешто се случува чадењето. Денес, со засилен број механизација – багери, камиони, булдожери – се чисти теренот и се работи на затрупување. Очекувам добар дел од местото во текот на денот да биде целосно затрупано“ рече Ангелов.

Тој нагласи дека дополнително е побарана нова механизација, а се отвора и нов фронт за работа за повеќе градежни машини.

Во депонијата „Вардариште“ пак, каде што исто така имаше чадење претходните денови, ситуацијата е оценета како стабилна, но и таму продолжуваат активностите.

„Се работи на затрупување на локацијата каде што чадеше. Поставени се термални камери со цел навремено да се идентификуваат и пресретнат лица кои евентуално би се обиделе повторно да предизвикаат чадење,“ рече тој.

На терен се и засилени полициски патроли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот