
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка од крвавиот напад во Штип – пукачот е во бегство
Штипската телевизија „Стар“ објави снимка од нападот со пиштол во кој вечерва во кафуле на градскиот плоштад во Штип напаѓач рани млад човек.
Препорачано
На вознемирувачката снимка се гледа како напаѓачот, кој според првичните, неофицијални информации е студент од Турција по име Бедри Полат, ладнокрвно влегува и во минување испукува неколку куршуми кон жртвата која седи во кафулето, по што мирно излегува од другата страна. Пукачот е во бегство, а полицијата трага по него, соопшти МВР.
МВР информира дека ранетиот итно е пренесен во болница, но засега нема информации за неговата здравствена состојба.
„Вечерва околу 21:30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад било пукано со пиштол, при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип“, соопшти полицијата, без да открие повеќе детали.
Доцна вечерта, напаѓачот-бегалец бил пресретнат од полицијата на наплатната станица на автопатот кон Скопје кај Миладиновци, каде тој со автомобилот „БМВ“ ја пробил рампата, а полицајците отвориле оган за да го запрат:
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка од крвавиот напад во Штип – пукачот е во бегство