Фото: Јутјуб/принтскрин

ВИДЕО: Снимка од апсењето на Грета Тунберг, ја одведоа тројца германски специјалци

Медиумите објавија снимка од апсењето на познатата активистка против климатските промени Грета Тунберг, која денеска беше приведена на протести во германското село Лицерат.

Стотици активисти и демонстранти беа уапсени откако полицијата пред неколку дена дојде да ги избрка од селото, кое се планира да биде урнато за да се прошири постоечки рудник за јаглен.

„Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон полицата. Таа беше запрена и изнесена од оваа група надвор од непосредната област за да се утврди нивниот идентитет“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен за Ројтерс, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.

Сè уште не е јасно што ќе се случи со Тунберг или со групата со која беше приведена, ниту дали активистот што скокнал во рудникот е повреден, рече портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!