ВИДЕО | Снимен моментот кога украински дрон удира во владина зграда во рускиот град Белгород

Заменик-гувернерот на Белгородската област Александар Александрович Лоренц и еден вработен во Росгардата се повредени во утринскиот напад на украински дрон врз зградата на регионалната влада во Белгород. Видео од нападот се појави на социјалните мрежи.

Првичните информации велеа дека нема жртви, но подоцна беше објавено дека две лица се повредени. Вработен во Росгвардија добил рана од шрапнел на бутот. Тој моментално е во болница, каде што ја добива потребната медицинска помош.

Заменик-гувернерот Александар Александрович Лоренц исто така бил во близина на зградата во времето на експлозијата. Тој бил прегледан од лекари од регионалната клиничка болница. Тој има потрес на мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот