Фото: Wikipedia

ВИДЕО | Словенечка европратеничка на македонски им се обрати на бугарските колеги: За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола

На вчерашната пленарна седница на Европскиот парламент, на која се дебатираше за Извештајот за напредокот на Македонија посебно внимание предизвика словенечката европратеничка со македонско потекло, Ирена Јовева, која на македонски јазик им се обрати на бугарските колеги и им порача: „За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас за да го признаете тоа ви треба чесност, интегритет, храброст“.

Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.

На дебатата повторно имаше националистичка реторика и понижувања од страна на бугарските и грчките европратеници, кои се обидоа да ги убедат другите европратеници дека не треба да ѝ дозволат на Македонија да ги отпочне преговорите со Европската унија.

Македонија покажа дека е лојален партнер, заслужува забрзан пристап кон ЕУ, порача Вајц

Според бугарските европратеници, ЕП не треба да решава за нечиј јазик и идентитет, додека пак грчките европарламентарци од радикалните партии изјавуваа дека Македонија е една и е само грчка.

Денеска во ЕП ќе се гласа за извештајот за напредокот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!