Фото: ŠK Slovan Bratislavа

ВИДЕО | Слован победи и во Охрид, Струга елиминирана од квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион Струга Трим Лум со уште еден пораз од Слован Братислава го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во реванш натпреварот кој се играше во Охрид, Слован славеше победа со 2:1. Резултатот беше отворен по само девет минути игра кога Вајс се запиша во листата на стрелци на асистенција на стрелец.

Се играше 34. минута кога искусниот Кире Ристевски си постигна ефектен автогол и го лобуваше сопствениот голман Филип Дујмовиќ за 2:0 за гостинот од Словачка.

Слован во продолжение го спушти темпото на игра и мирно го приведе натпреварот кон крајот. Утешниот гол за македонскиот претставник го постигна Компаоре во 85. минута.

Струга беше поразена од Слован и во првиот натпревар со 4:2, па денес само се потврди повисокото ниво на квалитет на противникот. Стружани сега продолжуваат во квалификациите за Конференциската лига каде што ќе играат против Пјувник кој на 24. јули гостува во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот