Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

ВИДЕО | Славниот оскаровец 48 години не се напил капка алкохол: Ако сте мамурни, сетете се на мене…

Легендарниот актер Ентони Хопкинс (85) прослави 48 години откако е трезен. За таа прилика сними кратко видео во кое сподели неколку свои размислувања за алкохолот, а воедно и на своите обожаватели им посака среќна Нова година.

Фото: Профимедиа

„Среќна Нова година на сите“, рекол ентузијастично на почетокот на видеото.

„Сите убаво забавувајте се, а доколку сте мамурни, сетете се на мене. Последен пат бев мамурен пред 48 години, но потоа престанав да пијам. Побарав помош и животот ми се промени“, додал тој.

„Не ви завидувам дека се забавувате“, рекол Хопкинс.

Потоа поттикнал поединци кои се борат со зависноста да побараат помош.

„Но, ако ви треба помош, има време. Животот е составен од делови. Само напред“, позитивно заклучил актерот.

Фото: Профимедиа

Славниот оскаровец и претходно зборуваше за очајната ситуација во која се наоѓал пред речиси пет децении, пред да се отрезни. Тој, исто така, рекол дека тогаш „веројатно не му останало уште многу живот“, но дека конечно еден ден признал дека нешто не е во ред.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот