Фото: Screenshot

ВИДЕО: Славески остана без појас, за првпат загуби во БКФЦ

Македонскиот боксер во бокс со голи раце, Горјан Славески, го забележа својот прв пораз во БКФЦ, откако синоќа беше поразен од искусниот Џулијан Лејн во меч за светската титула во велтер категорија. Дуелот се одржа во рамките на БКФЦ 79 во Стерџис, Јужна Дакота (САД).

Славески, познат под прекарот „Гого“ беше поразен во пет рунди, но падна во нокдаун двапати, во третата и петтата рунда  и тоа беше пресудно кај судиите. Победата му припадна на Американецот со едногласна одлука, при што судиите го бодираа мечот со 49-44, 49-44 и 48-45.

Иако без титулата, Славески уште еднаш покажа зошто важи за едно од најголемите имиња во подем во овој екстремен, но сè попопуларен спорт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!