
ВИДЕО | Слатка, кремаста и освежителна: Рецепт за вкусна пита со лимета
Пита со лимета е омилен американски десерт за кој ќе ви требаат бисквити, сок од лимета, жолчки од јајце и засладено кондензирано млеко. Традиционално се служи добро изладена, украсена со шлаг и овошен прелив.
Препорачано
Состојки:
150 г бисквити
70 г путер, стопен
2 лажици шеќер
1 прстофат морска сол
Крем:
6 жолчки
800 г засладено кондензирано млеко
120 мл сок од лимета
1 лажица рендана кора од лимета
Шлаг:
250 мл шлаг
2 лажици шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
Сос од малини:
150 г свежи или замрзнати малини
2 лажици шеќер
1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови. Скршете ги бисквитите и измешајте ги со путерот, шеќерот и солта додека сè убаво не се соедини. Префрлете ја смесата во калап со дијаметар од 23-25 см и притиснете рамномерно на дното и на страните. Печете ја кората 10-12 минути додека не добие светло златна боја. Се лади на собна температура.
Додадете ги жолчките во садот за миксер и матете со голема брзина 2-4 минути, додека не станат светли и пенести. Намалете ја брзината на средно и измешајте ги кондензирано млеко, сокот од лимета и кората од лимон, само додека не се соединат. Истурете го кремот врз изладената кора.
Печете на 175 степени Целзиусови околу 15 минути, додека не се стегне филот. Оставете ја питата на собна температура 10-12 минути, а потоа префрлете ја во фрижидер најмалку три часа, додека целосно да се стегне.
Додека питата се лади, измешајте ги шлагот, шеќерот и ванилата. Во мало тенџере ставете ги малините, шеќерот и сокот од лимон. Гответе на средна топлина околу 15 минути, додека не се згусне и не стане како џем. Се процедува низ сито и се остава да се излади. Украсете ја питата со шлаг и послужете ја со сос од малини.