
ВИДЕО | Слаѓана Вујошевиќ е „Жена на годината“: Ова признание ми е мотивација за предизвиците кои следуваат
Лауреатот македонска „Жена на годината“ го понесе актерката Слаѓана Вујошевиќ, која го оживува ликот на „Биби“ од мегапопуларната детска цртана серија „Светот на Биби“. Вујошевиќ е театарска, филмска и телевизиска актерка, со неколкугодишна интернационална кариера.
Препорачано
Целта на изборот „Жена на годината“ е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати во годината што одминува.
За добиеното признание, професионлната кариера и за анимираниот серијал „Светот на Биби“, актерката Вујошевиќ раскажа во интервју за „Слободен печат“.
„Чест и задоволство ми е што ја добив оваа награда. Сепак, ова признание за мене претставува голема одговорност, но и мотивација за предизвиците кои следуваат. Оваа година за мене беше убава и плодна, период во која сфатив дека преку актерството ќе патувам низ животот на бројни ликови“, изјави Вујошевиќ.
Веќе четири години „Светот на Биби“ ги освојува детските срца, растат со Биби, се смеат, се забавуваат и учат.
„’Светот на Биби’ е едукативна и анимирана серија која го воодушеви детскиот свет во нашата земја. ‘Биби’ ми наметна одговорност, оваа улога ме промени во секојдневието. Кога ми доаѓа да претрчам преку улица подалеку од пешачкиот премин ми се јавува Биби како предупредување … Биби не е само проект во кој јас како актерка се реализирам, тоа е проект во кој јас растам како личност и работам на себе“, истакна Вујошевиќ.
Слаѓана испрати и порака до нашите читатели, потенцирајќи дека треба да се сега и денес.
„Секогаш треба да го даваме најдоброто од себеси, но претходно да откриеме што сакаме да правиме во нашиот живот. Фокусот и љубовта кон работата се гаранција на квалитет и успех. Во мојата кариера научив секогаш да го давам својот максимум. Никогаш не ги планирам работите однапред, едноставно уживам во секој момент“, потенцираше актерката.
Целиот разговор со Слаѓана Вујошевиќ можете да го проледите на следното видео: