Фото: скриншот

ВИДЕО | Скротен е огнот во фабриката „Винчини“, пожарникари ги изгореле стапалата – чизмите им останале во врелиот шеќер

Огнената стихија ја скротувале противпожарни единици од девет града

Пожарот во фабриката за слатки „Винчини“ на компанијата „Макпрогрес“ во Виница е под целосна контрола, информираше синоќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој зафатил три линии, од кои два се магацини, а сите имале сончеви панели на покривот, вели Ангелов.

„Спасени се линиите од 1 до 5. Во гаснењето учествуваа пожарникари од противпожарните единици од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и од Велес, рече Ангелов.

За жал, неколкумина пожарникари се повредени.

„Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса“, откри Ангелов.

Синоќа избувнал и пожар во Делчево, кој исто како и пожарот во Виница, е „тежок пожар“, додаде Ангелов.

„Се работи за голем шумски пожар кој изби доцна вечерва на падините на планината Голак во близина на гробоштата во Дечлево. Меѓу другото зафатена е и борова шума“, рече тој.

Утрово овој пожар ќе се гасне со полициски хелокоптер, а по потреба и со „ер тракторите“.

„Ноќно време гаснењето е отежнато и ризично и претежно се оди на сопирање на огнот некој пат или чистина. На терен се повеќе екипи – рече Ангелов“.

ВИДЕО | Голем пожар попладнево во фабриката „Макпрогрес“ во Виница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот