ВИДЕО | Ситуација каква што ретко се гледа кошаркарските терени: По фантастичната „банана“ дополнително го понижи

Фото: Screenshot

На натпревар за млади кошаркари беше видена блокада каква што ретко се случува на кошаркарските терени.

Во американската „Овертајм Елит“ лига се сретнаа тимовите на РВЕ и Студените срца, а кошаркарот Декуан Дејвис го доживеа можеби најголемото понижување во неговата досегашна кариера.

Дејвис втрча во продор кон противничкиот кош, но тогаш беше блокиран од Пејтон Маршал на еден неверојатен начин. Како да не беше доволно одличната блокада, Маршал дополнително сакаше да го понижи со тоа што му ја додаде топката додека тој лежеше во аут.

На крајот тимот на Маршал славеше победа од 92:90, па оваа подарена топка не влијаеше на конечниот исход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот