Мариус Борг Хојби норвешки принц EPA-EFE/LISE ASERUD NORWAY OUT

ВИДЕО | Синот на норвешката принцеза кој е обвинет за силување покажува дека ѝ раскинал на девојката со шлаканица!

Полицијата во Осло извести дека во понеделникот вечерта по третпат го уапсила Мариус Борг Хоиби (27), синот на норвешката принцеза Мете-Марит (51). Во меѓувреме се дозна дека обвинението против него е проширено и за силување на друга жена – најстрашниот детал од делото е тоа што е извршено додека жртвата била во несвест, пренесува „Се ог Хор“.

Хоиби беше уапсен во Аскер, на само неколку километри од семејниот имот на престолонаследникот во Скаугум. За него ќе биде побаран притвор, а за овој случај се очекува окружниот суд да одлучува во среда во 14 часот. Против Мариус Борг во моментов се водат вкупно шест жртви.

Минатата среда полицијата побарала Хоиби да остане во притвор две недели, но на крајот било одлучено 27-годишникот да биде една недела зад решетки. Ова е првпат во историјата член на норвешкото кралско семејство да биде приведен.

Според извештајот на ТВ 2, полицијата пронашла видеа од наводното силување на телефонот на Хоиби. Но, тоа не е сè. Имено, во новото шокантно видео кое е објавено од „Се ог Хор“, пријателите на 27-годишникот го прашуваат „како раскинал со последната девојка“, по што Хоиби се наведнува малку напред и со гест кон камерата – удира шлаканица.

Контроверзното видео го коментираше правниот советник на поранешната девојка на Мариус за Дагбладет.

„Тоа говори само по себе“,  кратко изјавила Мете Ивон Ларсен.

Порталот „Се ог Хор“ ги наведе сите обвинувања против Мариус Борг Хоиби.

1. Неговата поранешна девојка, жена на околу 20-ти, тврди дека Хоиби ја нападнал во стан во Фрогнер, Осло, ноќта на 4 август. Обвинението подоцна беше проширено на уште една точка за телесни повреди, малтретирање во врска, прекршување на забраната за задржување на засегнатото лице. Хоиби на 14 август призна дека насилството го извршил додека бил под дејство на алкохол и кокаин.

2. Злоупотреба во врска пријавила и Џулијан Снекестад (29). Мариус Борг ги негира нејзините тврдења. Двојката беше во врска речиси пет години, а раскинаа во февруари 2022 година.

3. Нора Хаукланд (27) го обвинува Хоиби за злоупотреба во врската. Таа била со него од 2022 до 2023. Тој тврди дека не е виновен.

4. Човек на околу 20 години го обвинува Мариус Борг дека му се заканувал дека ќе го убие во порака на Инстаграм. Синот на норвешкиот престолонаследник се изјасни за виновен за ова.

5. Четвртата жена тврди дека Хоиби имала секс со неа додека била во несвест. Тој вели дека тоа не е вистина.

6. Петтата жена, според Дагбладет, била силувана од Мариус Борг во Скаугум на 26 септември оваа година. Тој ја негира и оваа кривична вина.

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападнал жена, таа добила потрес на мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!