фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA ULASHKEVICH

ВИДЕО | Синер убедливо триумфираше над Бублик за четвртфинале на САД опен

Најдобриот тенисер на светот, Италијанецот Јаник Синер, се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, откако во Њујорк го победи Казахстанецот Александер Бублик со 6-1, 6-1, 6-1 во осминафиналето.

Ова беше 25 последователна победа на Синер на грен слем турнирите на тврда подлога, откако претходно го освои Отвореното првенство на САД и последните два грен слем турнири на Австралија опен.

Мечот траеше еден час и 21 минута. Ова беше седми дуел помеѓу италијанскиот и казахстанскиот тенисер, а петти триумф за Синер, кој ја брани титулата на САД опен.

Синер ќе игра во четвртфиналето против сонародникот Лоренцо Мусети, кој го победи Хауме Мунар од Шпанија со 6:3, 6:0, 6:1.

Во преостанатите три четвртфиналиња на УС Опен ќе играат: Феликс Оже-Алијасим (Канада) – Алекс де Минор (Австралија), Новак Ѓоковиќ (Србија) – Тејлор Фриц (САД) и Карлос Алкараз (Шпанија) – Јиржи Лехечка (Чешка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!