ВИДЕО: Силна експлозија разнесе дом во Вашингтон, откако сопственикот испукал 40 куршуми во објектот

Фото: Твитер

Американската полиција врши истрага по голема експлозија што урна дом во предградие на Вашингтон соопштија вчера властите, при што снимките на социјалните мрежи покажуваат силна експлозија што ја претвори објектот во урнатини.

Во време на експлозијата, осомничен во објектот пукал со пиштол „30-40 пати од внатрешноста на неговиот дом во околниот кварт“, се вели во соопштението објавено на полицијата во Арлингтон, Вирџинија

Полициујата беше испратена откако добија дојава за истрелите и „се обидоа да остварат контакт со осомничениот“, се вели во соопштението.

Но, осомничениот не реагирал и останал забарикадиран во домот, се вели во соопштението.

„Додека полицајците се обидувале да го извршат налогот за претрес, осомничениот пукал најверојатно со огнено оружје, внатре во домот. Потоа, околу 20:25 часот, се случила експлозија во објкејктот.

Истрагата за тоа што ја предизвикала експлозијата е „во тек“, се вели во соопштението, без да се спомене судбината на осомничениот. Тројца полицајци пријавиле полесни повреди, а пожарот е ставен под контрола во рок од два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот