Гордана Сиљановска Давкова, Тимчо Муцунски и Доналд Трамп на самитот на НАТО / Фото: Фејсбук

ВИДЕО: Сиљановска – Давкова го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, нарекувајќи го Ди Џеј Венс

Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова на денешниот Самит на НАТО во Хаг ги помеша државниот секретар на САД Марко Рубио со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Дополнително, во изјавата за македонските медиуми кои го покриваат настанот, претседателката наместо Џеј Ди Венс го нарече американскиот потпретседател Ди Џеј Венс.

Во изјавата која ја пренесува медиумот 4news.mk, Сиљановска-Давкова вели дека со претседателот Трамп бил и „потпретседателот Ди Џеј Венс“. Дополнително, таа рече дека потпретседателот на САД се познава со министерот Муцунски, а најави дека е можно Венс да ја посети Македонија. Всушност, министерот Муцунски имаше средба со Марко Рубио на 29 мај во Вашингтон.

 

„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО, во која дел се и министрите за надворешни работи и за одбрана, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски. Претседателот Трамп ја предводи делегацијата на САД во која се потпретседателот Марко Рубио и државниот секретар за одбрана Питер Хегсет. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот