Странци оставаат куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: скриншот

ВИДЕО | Швајцарци го оставиле сомнителниот куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Полицијата ги идентификувала лицата кои вчера го оставија сомнителниот куфер пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на плоштадот „ВМРО“.

Според информациите, се работи за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих.

Се појави и видеоснимка од надзорните камери, на кое се гледаат странците како го оставаат куферот и заминуваат.

Според видеонадзорот, како што велат од МВР, двете лица го разгледувале просторот, по што едното оставило куфер пред објектот. Не се јасни мотивите за ваквата постапка.

За вчерашната евакуација на околните згради, беше кажано дека се работи за дојава за бомба. Од МВР потврдија дека по извршената проверка утврдено е дека се работи за празен куфер и не претставува закана по безбедноста.

Случајот го пријавил вработен во обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“, кој рекол дека забележал две лица кои го разгледуваат просторот, при што едно од нив оставило куфер.

Сомнителен куфер оставен до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се евакуираат околните згради

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот