
ВИДЕО | Шпанските земјоделци со трактори ги блокираа автопатите
Шпанските земјоделци денеска со трактори ги блокираа автопатите и пристаништата, револтирани од зголемените трошоци за производство, бирократијата, правилата на ЕУ и поевтиниот увоз на храна од други земји.
Препорачано
Автопатити се блокирани во провинциите Каталонија, Валенсија, Кастиља-Ла Манча, Андалузија, Арагон и Мурсија, соопшти државната служба задолжена за сообраќај.
– Во целата Европска Унија сите имаме исти проблеми, со некои нијанси, рече Доначиано Дујо, потпретседател на здружението на земјоделци АСАЈА. Пред неколку дена од тоа здружение соопштија дека имаат намера да протестираат цел месец за да „укажат на неможноста да продолжат да се занимаваат“ со производство на храна.
Во последните недели слични протести се одржаа во Франција, Белгија и Германија.
Farmer protest movement unfolds in Spain pic.twitter.com/CyN7BErQx4
— S p r i n t e r (@Sprinter99800) February 7, 2024
Левичарската влада на Шпанија вчера објави дека ќе додели дополнителни 269 милиони евра помош за околу 140.000 земјоделци за да го намали влијанието на продолжената суша и повисоките цени на ѓубривата и горивото поради војната во Украина.
Шпанија е еден од најголемите светски производители на портокали, лимони, маслиново масло, јагнешко месо и вино.
Нејзините земјоделци тврдат дека правилата на Европската Унија за пестициди и оставање на дел од земјиштето надвор од употреба, со цел да се заштити животната средина, ја уништува ценовната конкурентност во однос на земјите надвор од ЕУ.
Шпанските фармери, исто така, се жалат и на увозот на поевтина храна од соседно Мароко.