Итна помош пред коридата во Толедо/Фото: Europa Press / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Шпанија: 17-годишно момче тешко повредено од бик на традиционалниот фестивал

Седумнаесетгодишно момче е сериозно повредено од бик на фестивал во Шпанија во чест на Пресвета Богородица од Ангустија.

На видеото од инцидентот што се случи во покраината Толедо, бикот може да се види како го прободува младиот човек.

Како што се гледа на снимката, големото животно првично го притиснало 17-годишникот на ѕид, пред да го крене во воздух и силно да го треснe во метална врата.

Седумнаесетгодишникот бил спасен од други учесници на фестивалот кои успеале да го одвлечат вниманието на бикот и да го оддалечат од малолетникот.

Според извори од шпанската цивилна заштита, младиот човек бил повреден во рамото и стомакот.

Според истите извори, неговата состојба била стабилизирана на местото на настанот пред да биде префрлен во Универзитетската болница во Толедо каде што е на лекување во сериозна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот