Фото: EPA-EFE/Siu Wu

ВИДЕО | Шпанците немаа своја вечер: ПСЖ и Борусија Дортмунд со победи во реваншите до полуфинале во ЛШ

Вечерва се играа првите реванш натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а по нив се радуваа екипите на Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд кои имаа негатива по претходните дуели, но сега во реваншите успеаа да слават.

Барселона во првиот натпревар славеше победа од 2:3 во Франција против ПСЖ, но вечерва клубот од Париз со победа од 1:4 во Шпанија ги елиминираше од најелитното европско натпреварување.

Од самиот старт ПСЖ ја притискаше Барселона и се играше на половината на каталонците, сепак, Барселона беше таа која прва дојде до водство и тоа со головите на Рафиња на асистенција на Ламин Јамал кој имаше одличен продор по десната страна.

Проблемите за избраниците на Чави започнаа по половина час игра кога Роналд Араухо го фаулираше аркола кој беше во налет кон голот на Тер Штеген и доби директен црвен картон како последен играч во одбраната. Само десет минути подоцна Осман Дембеле донесе израмнување за ПСЖ.

Во вториот дел со играч помалку Барселона не можеше да му парира на ПСЖ кој постигна три гола за победа и пласман во полуфиналето. Витиња во 54. минута погоди за 1:3, Мбапе од пенал седум минути подцна стрелаше за 1:3 и четвртиот гол исто така беше дело на францускиот голгетер. Треба да се спомене дека во меѓувреме црвен картон доби и тренерот на Барселона, Чави.

Атлетико Мадрид како и Барса не успеаа да ја зачува предноста од еден гол по првиот натпревар (2:1) и вечерва со 4:2 беше поразен во Германија.

Уште по првиот дел Борусија водеше со 2:0 со головите на Брендт и Матсен. Атлетико не се откажа и во вториот дел со автоголот на Хумелс и погодокот на Кореа дојде до изедначување 2:2.
Изгледаше дека Борусија тука може да падне психолошки, но тоа не се случи бидејќи Фулкруг и Сабицер се погрижија за победа на „милионерите“ од 4:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот