ВИДЕО | Шевченко: Имаме јуниори тенисери кои покажуваат дека се врвни во Европа
Слободен печат
Пред
Тенисот е индивидуален спорт каде блискиот контакт е одалечен. Како федерација успеавме со пишување на одредени протоколи и уште од средината на мај добивме зелено светло од владата и продолживме со тренажниот процес. Во средината од јули можевме и турнири да организираме. Така што оваа година тенисот може да се пофали дека се реализирани 58 турнири, изјави во Утрински брифинг, Горан Шевченко, државен селектор при тениската федерација.
-На влезот во секој клуб прва работа која се прави е термален скрининг. Доколку се случи учесниците да имаат покачена темпрература истите се враќаат. Секаде има средства за дезинфекција, а она што е карактеристично е дека играчите после завршување на активноста одма си заминуваат дома без користење на гардеробите, вели Шевченко и додава дека не верува дека во наредните година до две животот ќе се врати онаков каков што беше порано.
-Имаме јуниори кои покажуваат дека се врвни во Европа. Она што фали е индивидуалниот пристап кон тенисерите. Доколку се направи убава програма каде ќе знаеме дека се потребни средства за тренерот, квалитетен тренажен процес и се создаде тим кој ќе работи со тој играч, верувам дека ќе се дојде до ниво на АТП И ВТА турнири, вели Шевченко.Целиот разговор погледнете го во видеото:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Јавноста ја запозна како национална координаторка за трансплантација на првата операција на срце од починат донор во Македонија. Денес таа е актуелна кандидатка за градоначалничка на Општина Карпош. За д-р Маја Мојсова Мијовска во описот уште може да се додаде дека е тетка на девојчето што ја пее песната „Зелката има кошули триста“, слатката Сара …