ВИДЕО | Шекеринска во серијалот „Скала на кариерата“: Мојата работа е како мусака

Заменик – генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваше во епизода од интернет шоуто „Скала на кариерата“, каде водителот преку интеракција со минувачи се обидува да ја открие нивната професија за помалку од две минути.

Дел од прашањата на кои Шекеринска одговараше беа дали нејзината работа е со висок статус, дали им помага на луѓето, дали е креативна. На сите овие прашања Шекеринска одговори позитивно.

На следното прашање: Ако вашата работа беше јадење, што ќе беше?, Шекеринска на смеа одговара мусака, прашувајќи го водителот дали знае што е тоа за што доби позитивен одговор.

-Значи се се става во истото тавче- рече Шекеринска.

Останатите прашањата на кои Шекеринска одговораше беа понасочени кон НАТО.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max Klymenko (@maxoklymenko)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот