фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

ВИДЕО | Шампионот на колена во Фиренца, Фиорентина го урна Интер на „Артемио Франки“

Денеска на стадионот „Артемио Франки“ се доигра прекинатиот натпревар од Серија А помеѓу Фиорентина и Интер.

Потсетување дека овој меч на 1 декември минатата година по 17 минути игра беше прекинат откако играчот на Фиорентина, Едоардо Бове доживеа срцев удар по што веднаш беше пренесен во болница.

Во меѓувреме фудбалерот на „виолетовите“ Бове закрепна, но веќе не може да настапува во италијанскиот шампионат бидејќи му е вграден дефибрилатор.

Фиорентина славеше убедливо со 3:0 против Интер, со двата голови на Моизе Кин во 68 и 89 минута, и еден на Лука Раниери во 59 минута од средбата.

Интер после вториот пораз сезонава во првенството останува на втората позиција со 51 бод, три помалку од водечкиот Наполи, додека Фиорентина после 12 триумф е на четвртото место со 42 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот