Фото: ФК Кайрат

ВИДЕО | Сензација во плеј-офот: Кајрат од Казахстан ќе игра во Лига на шампионите

Фудбалерите на казахстанскиот претставник Кајрат Алмати испишаа златни страници во клупската историја, откако сензационално го елиминираа шкотскиот шампион Селтик во плејофот за Лигата на шампионите.

Иако влегоа во дуелот како аутсајдери, „жолто-црните“ покажаа карактер и борбеност, успевајќи да издржат два меча без примен гол. По двете „нули“ во двата натпревари успеаа да слават на пенали, па така сега Лига на шампиони ќе се игра на само 350 километри од кинеската граница.

Кајрат славеше со 3-2 во драматичната пенал-серија и така за првпат во својата историја ќе играат во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот