Протест во Израел за ослободување на заложниците / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

ВИДЕО | Семејствата на израелските заложници упаднаа во Кнесетот

Десетици членови на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас во Газа упаднаа денеска на состанокот на комисијата за финансии во израелскиот Парламент, извикувајќи „нема да седите овде додека таму тие умираат“.

Членовите на семејствата синоќа поставија протестен шатор во Ерусалим и ветија дека ќе останат таму додека Владата не постигне договор за ослободување на некои од заложниците.

Роднините на заложниците ги интензивираа протестите во последните денови, барајќи од Владата да направи повеќе за ослободување на нивните најблиски.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи офанзивата до „тотална победа“ против Хамас и дека ќе ги врати сите преостанати заложници откако повеќе од 100 беа ослободени согласно договорот за прекин на огнот во ноември во замена за десетици Палестинци кои Израел ги затвори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот