мирчевски
фото: facebook.com/fktsc

ВИДЕО: Седми гол за Мирчевски сезонава во дресот на ТСЦ

Во рамките од 30 коло во најквалитетната српска фудбалска лига составот на ТСЦ славеше на гостувањето кај Вождовац со 1:3.

Водеа домаќините со голот на Теодоровиќ од 13 минута, па израмнија гостите преку Јовановиќ (22`).

Ратков го донесе првото водство за ТСЦ во 30 минута, а конечниот епилог го постави македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски (кој влезе во игра во 90 минута) во финишот во 96 минута.

За нашиот играч ова е седми гол сезонава во шампионатот на Србија во дресот на ТСЦ.

Неговиот клуб е на втората позиција во генералниот пласман со 62 бодови, 20 помалку од водечката Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот