Снуп Дог / Фото: STEPHANE DE SAKUTIN / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Се зачади во Париз: Снуп Дог во свој стил го носеше олимпискиот оган пред отворањето на церемонијата

Американскиот рапер Снуп Дог учествуваше во носењето на олимпискиот оган низ улиците на Париз пред свеченото отворање на Олимписките игри кое со нетрпение го очекуваме.

Легендарниот хип-хоп уметник учествуваше во традицијата на Олимписките игри како претставник на следниот град домаќин – Лос Анџелес, Америка. Олимпискиот оган беше пренесен низ улиците на Сен Дени, а неговите хитови се слушаа од публиката.

Снуп Дог, чие полно име е Калвин Кордозар Бродус Јуниор е меѓу неколкуте познати личности кои ја облагородија оваа церемонија, а од почетокот на своето патување во мај, оганот го носеа и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, возачот на Формула 1, Шарл Леклер , Хали Бери како и Салма Хајек.

Официјалното отворање на Олимписките игри на Сена е од 19:30 часот.

Ќе чади во Париз: Раперот Снуп Дог е еден од носителите на олимпискиот факел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот