
ВИДЕО | Се уште чади од „Дрисла“ и го загадува Скопје, затрупувањето на критичниот дел продолжува и денеска
Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадењето, а кој е со големина приближно колку фудбалско игралиште, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Препорачано
Тој нагласи дека не може да се забележи отворен оган, а чадењето е делумно намалено но се уште присутно.
„Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата „Дрисла“, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место“ вели Ангелов.

Во овој момент, како што вели тој, работат оптимален број на камиони, багери и булдожери а како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува.

На дивата депонија „Вардариште“ нема горење ниту чадење но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.

Вчера во „Дрисла влезе и полицијата за да утврди дали некој од вработените го распалува пожарот.
Ангелов рече дека депонијата не е оградена и нема функционални камери поради што секој може да влезе и да подметне пожар. Тој најави засилено полициско присуство во околината на депонијата и други методи за набљудување.
Според Ангелов депонијата е лошо менаџирана во делот на складирањето на отпадот, особено вели дека загрижува делот каде што се собира исцедокот.
ВИДЕО | „Дрисла“ нема ограда ниту камери, секој може да влезе и да подметне пожар, вели Ангелов