ВИДЕО | Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачките тимови ги пребаруваат урнатините во аргентинската покраина Буенос Аирес

Десеткатница се урна во вторник рано наутро во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека во тој момент во хотелот „Дубровник“ имало меѓу седум и девет луѓе, меѓу кои и градежни работници кои наводно работеле без градска дозвола, се наведува во соопштението.

Спасувачките екипи ги отстрануваат урнатините за да ги ослободат затрупаните, соопштија властите на Вила Гесел, додавајќи дека општинските власти во август годинава ги прекинале градежните работи на таа локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот