ВИДЕО: Се споија небо и земја во Скопје – силно невреме со пороен дожд, грмежи и град

Фото: МИА/принтскрин

Силно невреме со оркански ветер, пороен дожд и грмотевици попладнево ги зафати најпрво источните делови од Скопје, а потоа и целиот град.

Според сведоштвата на граѓаните на социјалните мрежи, невремето било најсилно во Кисела Вода, каде, исто како и во делови од центарот на Скопје, имало и врнежи од град. Првичните информации говорат за скршени гранки, паднати дрвја и поплавени дворови и подруми во повеќе населби.

Метеоролозите за попладнево и вечерва најавуваат дека ќе продолжи нестабилното време, со појава на локални невремиња со пороен дожд, грмотевици и град низ целата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот