
ВИДЕО | СДСМ за изборниот законик: Жалиме што се пропушти шансата за прифатлива фер рамка
Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Инаку, јавноста е во неизвесност за тоа кои се условите што ќе важат за независни кандидати да учествуваат на локалните избори кои претстојат. Едни институции инсистираат на тоа дека потписи се неопходен услов, а други упатуваат на уставни одлуки со кои тие услови веќе се укинати. Нејаснотијата околу изборните правила уште повеќе се засили откако Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.