Дајана Гудиќ и Диди / Фото: Инстаграм / ЕПА

ВИДЕО | Сараевска актерка тврди дека била на контроверзните забави на Диди: „Во ВИП собата се Бијонсе, Џеј Зи, Лејди Гага, Бред Пит…“

Актерката и модел Дајана Гудиќ со потекло од Сараево, со години живее и работи во Лос Анџелес, а неодамна гостуваше во „Амиџи шоу“ каде изјави дека Бред Пит ја контактирал на социјалните мрежи.

Сега таа предизвика нова низа реакции бидејќи во интервју во подкаст тврдеше дека била на забава со раперот Шон Комбс, попознат како Диди, кој е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција. Имено, сараевската актерка откри дека минатата година била на неговиот роденден.

„Има една соба која е ВИП и таму има само околу 20-30 луѓе и неговите блиски пријатели, а веднаш до неа има околу 200-300 луѓе и таму има голема забава. Секогаш има настап“, изјавила таа и истакна дека приватно се познава со раперот и откри што се случува во ВИП собата.

„Одиме во тој ВИП дел и тоа е нешто што нашите луѓе тешко го разбираат. Кога ќе влезете во таа соба, веднаш се Бијонсе, Џеј Зи, Лејди Гага, Бред Пит, Ким Кардашијан… А потоа сум јас. Се запрашав што правам овде“, додала актерката.

„На такви места нема сликање или снимање, телефонот е оставен. Не ми го земаат телефонот затоа што ми веруваат затоа што долго време се дружам со нив и никогаш не сум се сликала“, објаснила таа.

Инаку, Дајана Гудиќ се појави во филмот „Ол-стар викенд“ на Џејми Фокс. Во него глумеа и Џерард Батлер, Роберт Дауни Џуниор, Бенисио Дел Торо…На почетокот на оваа година, таа ја најави и нејзината главна улога во американски трилер.

ВИДЕО | Српска актерка шокираше со изјавата: Бред Пит ми се додворуваше додека беше во брак со Анџелина Џоли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот