Меланија Трамп го слушаше говорот на американскиот претседател/Фото: JOHN ANGELILLO / UPI / Profimedia

ВИДЕО | Само Меланија не му аплаудираше на Трамп во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк, упати остри изјави за имиграцијата, Европа и за самата Организација. И покрај неговите силни изјави, онаа што не изгледаше особено импресионирана беше првата дама, Меланија Трамп, пишува Дејли мејл.

Говорот на американскиот претседател започна неочекувано: тој имаше проблем со телепромптерот во моментот кога се качи на сцената, додека малку порано и ескалаторите застанаа додека се качуваше со сопругата.

Од подиумот на Генералното собрание, Трамп не се двоумеше да се пофали себеси, тврдејќи дека завршил седум војни и презентирајќи ги своите достигнувања како бизнисмен на пазарот на недвижности.

Меланија Трамп, елегантно облечена во кремасто одело, гледаше од салата, но не изгледаше ентузијастична за она што го слушаше.

Напротив, нејзиниот став откриваше рамнодушност, а можеби и досада, во текот на целиот говор. Кога Трамп заврши, таа не реагираше веднаш и аплаудираше дури откако забележа дека објективот на фотографот е насочен кон неа, упати мал аплауз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот