Фото: Premier League/X

ВИДЕО: Салах со гол во 95. минута го сруши Барнли, Ливерпул остана перфектен

Ливерпул продолжува со максимален учинок во новата сезона, откако денеска на драматичен начин го совлада Барнли со 1-0. Херој на натпреварот беше Мохамед Салах, кој во петтата минута од судиското продолжение беше прецизен од белата точка и ѝ донесе нови три бода на својата екипа.

Избраниците на Арне Слот имаа апсолутна контрола над натпреварот со над 80% посед на топката и повеќе од 20 удари кон голот на домаќините, но дури во завршницата ги обезбедија трите бода.

Барнли пружи голем отпор, но во 84. минута остана со играч помалку, откако Угучкву доби втор жолт картон. Клучниот момент се случи во финишот, кога по игра со рака во шеснаесетникот, главниот судија покажа на белата точка од каде што Салах не погреши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот