
ВИДЕО | Сајмон Ковел исмејуван поради чудниот начин на ракоплескање: Неговото однесување предизвика лавина реакции
Британскиот водител Сајмон Ковел стана цел на исмејување на социјалните мрежи поради начинот на кој аплаудираше пред неговото појавување во „Шоуто на Џенифер Хадсон“. Додека екипата од претходно споменатото шоу пееше за него, тој одеше по ходникот и аплаудираше.
Препорачано
Кога пристигна во студиото, рече дека ова е најдобриот начин да се влезе во шоу и ја праша Хадсон дали може да го „украде“ овој начин за шоуто „Америка има талент“.
„Можеш, ако нè поканиш да го направиме тоа за тебе“, рече таа, а тој одговори дека овој начин на плескање е „брилијантен“ и дека сака да го повтори.
Видеото беше предмет на коментари од бројни корисници на социјалните мрежи, кои го нарекоа неговото однесување чудно.
Why does Simon Cowell clap like he has baby T-Rex arms? pic.twitter.com/ARuvChybRQ
— Dr. Jebra Faushay (@JebraFaushay) September 22, 2025
„Што е ова?“, „Сајмон имитира кенгур?“, „Дали ова му е прв пат да плеска?“, „Сајмон, трепни двапати ако ти треба помош“, се некои од нив.
Кауел веќе некое време ги освојува насловните страници поради својот изглед. Со оглед на тоа што неговото лице изгледа значително поинаку од претходно, многумина веруваат дека претерал со козметичките процедури. Тој тврди дека ги стопил сите филери.