маријана наумова
Маријана Наумова, Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Руска спортистка му возврати на Шварценегер: Вашата порака е заснована на измислена реалност

Арнолд Шварценегер неодамна преку социјалните мрежи сподели видео во кое се обрати до рускиот народ и претседателот Владимир Путин. Во опширното обраќање, Шварценегер апелираше за итен прекин на вооружениот конфликт во Украина, со порака дека го сака рускиот народ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maryana Naumova (@maryana_n)

Шварценегер доби жесток одговор од четирикратната светска шампионка во кревање тегови, Маријана Наумова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maryana Naumova (@maryana_n)

Руската атлетичарка, која имаше можност да се сретне со Арнолд на натпреварот каде го собори светскиот рекорд, сними видео порака во која лично му се обрати на актерот и во која рече дека тој не реагирал на страдањата на руските деца во Донбас во периодот на 2014-2022 година.


Во видеото таа објаснува како Шварценегер е перцепиран како херој меѓу рускиот народ и зборува за нејзиниот обид да му го скрене вниманието(кога го сретнала на натпреварот) на децата во Донбас со плико кое тој незаинтересирано го предал на неговиот асистент.

„Вашата порака е заснована на измислена реалност. Често се случува во филмовите“, вели Маријана.

Наумова вели дека политиката сепак треба да им се остави на политичарите, а да се задржат личните ставови и дека таа секогаш ќе им помага на децата и на загрозените, без разлика каде се наоѓаат.

ВИДЕО | Шварценегер го моли Путин да ја запре војната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот