Уништена фабрика за тенкови, Фото: Принтскрин, Твитер

ВИДЕО | Русите срамнија со земја украинска фабрика за тенкови

На околу 140 километри од Киев, во Житомир, руските сили срамнија со земја  украинска фабрика за тенкови. На видеото кое го пренесе Си-Ен-Ен, кое вчера беше објавено на социјалните мрежи, се гледа како дел од фабриката за тенкови е срамнет со земја по нападот на руските сили.

Си-Ен-Ен пишува дека ја потврдил автентичноста на видеото кое прво беше објавено на Телеграм.

На видеото се гледаат украински војници како ја проверуваат штетата во фабриката и се чини дека едниот му раскажува на друг како преживеале бидејќи многу од фабричките згради биле срамнети со земја. Се гледа и уништената зграда, на земја куп скршено стакло, метал и бетон.

„Да ти кажам искрено, денеска бевме навистина исплашени“, рече војникот.

Житомир во последните денови беше под силен руски напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот