ВИДЕО: Русија спушти вселенски телескоп во Бајкалското Езеро

Руски научници спуштија еден од најголемите светски подводни вселенски телескопи во Бајкалското Езеро, за да можат да ги проучат тајните на вселената од неговите недопрени длабочини.

Подводниот телескоп наречен „Бајкал ГВД” е во изградба од 2015 година, а неговата крајна цел е да ги следи неутрините, најмалата од сите познати честички.

Експертите откриле дека единствениот неутрино има маса што е околу милион пати помала од масата на електронот.

Руските научници го спуштија телескопот на длабочина од 750 до 1.350 метри, околу четири километри од брегот на езерото.

Неутрините многу тешко се откриваат, а водата е ефикасен медиум за тоа.

Оптичките модули на телескопот ќе го проучуваат дното на езерото и ќе бараат неутрини, единствените честички што Земјината кора не ги запира.

Телескопот е дизајниран да открие интеракции помеѓу молекулите на водата во мразот и субатомските честички.

Руските научници велат дека Бајкалското Езеро, најголемото езеро со слатководни води во светот, е идеално место за истражување поради неговата длабочина.

Бајкалското Езеро е длабоко 1.620 метри и зафаќа површина од 31.500 километри квадратни.

Телескопот „Бајкал ГВД” е резултат на соработката меѓу научници од Русија, Чешка, Словачка, Германија и Полска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот