
ВИДЕО | Романтичен гест на Ед Ширан: Ѝ испеа песна на обожавателка и потоа побара помош од фановите за да ја најде
Ед Ширан бил среде снимање на видео за својот канал кога видел девојка како трча по каналот Регент во Лондон. Тој ѝ пеел, а таа весело го поздравила. Симпатичното видео музичарот го сподели на своите социјални мрежи, а голем број обожаватели беа воодушевени од неговиот гест.
Препорачано
Девојката на која Ширан ѝ пееше со гитара во рака, го снимаше со мобилниот телефон, а музичарот ја праша дали има некоја желба. Таа го замолила да го отпее нејзиниот хит „Tenerife Sea“ и Ширан без проблем го направил тоа.
@edsheeran Playing requests for runners on the canal #giveback #health #hashtag ♬ original sound – Ed Sheeran
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а тој ги замоли своите обожаватели да му помогнат да ја пронајде девојката од видеото.
– Денеска снимав на каналот и пеев песна по барање на една девојка. Ако некој ја знае тркачката, нека ѝ јави, ние би сакале да ја видиме нејзината страна од видеото – напиша тој во описот на објавата.
На 10 август, Ширан го имаше својот прв концерт на загрепскиот хиподром, кој го посетија околу 70.000 луѓе. Тоа беше 115-ти концерт од неговата „математичка турнеја“, а многу луѓе од целиот свет дојдоа во Загреб за да ја слушаат една од најголемите светски ѕвезди на денешницата.