
ВИДЕО | Рома со гол во првата минута го совлада Емполи за петта победа во низа
Фудбалерите на Рома не знаат пораз на последните пет домашни натпревари во Серија А. Колку се моќни играчите на Клаудио Раниери доволно говори и фактот што победија на седум од осум мечеви (реми против Порто) во сите натпреварувања. „Волчицата“ последен пат ја почувствува горчината на поразот на 5 февруари во Купот на Италија против Милан.
Препорачано
Од самиот старт на натпреварот знаеја што сакаат играчите на Рома против Емполи, па се погрижија да ја завршат работата уште на стартот. Рома веќе водеше во првата минута од мечот, акција во три потези, а стрелец на погодокот беше Матиас Суле со удар од работ на шеснаесетникот.
До крајот на првото полувреме Рома имаше шанса преку Сомуродов во 37 минута, а потоа и Коне три минути подоцна кога наместо во мрежата ја погоди стативата.
Статистички гледано, Рома го заслужи водството по првото полувреме, имаше повеќе посед, дури 66 отсто, а од три удари кон голот успеа да постигне еднаш.
Од друга страна, Емполи имаше вкупно само два удари, но ниту еден не се упати кон голот на „волчицата“.
Во вториот дел, Рома во основа рутински само си ја вршеше задачата, додека Емполи до последната минута не успеа ниту да се доближи до голот на Миле Свилар.
Рома е моментно на седмото место со 46 бодови, додека Емполи е на 18 место со 22.