Фото: Real Madrid C.F

ВИДЕО | Родриго во финишот го совлада Димитриевски за победа на Реал против Рајо

Фудбалерите на Реал Мадрид брзо го заборавија поразо од Валенсија во Примера и вечерва славеа против Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски со 2:1

По настаните во минатото коло и расистичките навреди кон него, Винисиус Жуниор не беше во составот. Во негово отсуство одговорноста ја преземаа Бензема и Родриго.

Резултатот беше отворен по половина час игра кога Бензема го искористи додавањето од Валверде. За нови возбудувања се чекаше се до финишот од натпреварот кога Де Томас израмни во 84-тата минута, а Родриго го совлада Столе Димитриевски во 88-та минута и донесе победа за „кралевите“.

Во преостанатиот натпревар Виљареал беше сигурен и со 2:0 го совлада Кадиз. Херој на „жолтата подморница“ беше Џексон кој ги постигна двата гола. Виљареал на две кола пред крајот заостанува пет бода зад четвртопласираниот Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот