ВИДЕО: Родос во пламен, се евакуираат туристи

Петти ден по ред противпожарните сили на грчкиот остров Родос од воздух и копно се справуваат со огнените јазици, а шумскиот пожар сѐ уште не е ставен под контрола, јави МИА.  Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос.

Преку бројот 112 за итни случаи денеска беа испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели.

Според телевизијата ЕРТ, успешно биле спасени и пожарникарите заглавени во планински манастир, откако обидувајќи се да ги убедат монахињите да се евакуираат и да го напуштат манастирот ги опколиле огнените јазици и останале заглавени во подрумот.

Локалните медиуми од Родос коментираат дека источниот дел од островот е поделен на пола, со оглед на тоа што се затворени патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот