Foto: Printscreen / Youtube / Ricette Fatte In Casa

ВИДЕО | Рецепт за руски капи со малини: Старински колач без печење

Руските капи се старински деликатес, кој често се служи кога има некои прослави. Се прави од меки бисквити, кокос и чоколадо. Ние ви пренесуваме уште поедноставен рецепт за руски капи, кои се прават со малини и за кои не е потребна рерна.

Колачите што се приготвуваат без печење стануваат сѐ попопуларни, а сигурни сме дека руските капчиња ќе ви се допаднат уште на првиот залак.

Состојки:

– 500 мл млеко
– 100 грама шеќер
– 16 грама ванилин шеќер
– 2 лажици пченкарен скроб
– 2 лажици брашно
– 50 грама црвени малини
– кокос
– чоколадо

Подготовка:

Направете го филот: Во тенџере измешајте млеко, шеќер и ванилин шеќер. Потоа додајте скроб и брашно. Сè убаво измешајте за да нема грутчиња. Гответе додека не се згусне филот, со постојано мешање.

Додајте ги малините и сипете во чаша: Во филот додајте ги сечканите малини, па сè убаво измешајте. Чашите намокрете ги (дното и рабовите) и вишокот вода истурете го. Потоа, сипете го филот внатре и покријте со проѕирна фолија. Оставете го во фрижидер околу еден час.

„Извалкајте“ го во кокос: Извадете го колачот од чашата, па „извалкајте“ ја во кокосот. Потоа, исечете ја на подебели прстени, па украсете ја со растопено чоколадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот