Фото: Screenshot

ВИДЕО: Реакцијата на Дурант во моментот кога дозна дека се сели во Хјустон

Искусниот НБА кошаркар Кевин Дурант кариерата ќе ја продолжи во редовите на Хјустон рокетс, откако денеска беше официјално потврден големата размена меѓу Рокетс и Феникс санс.

Феникс, клубот во кој Дурант настапуваше досега, како дел од договорот ќе ги добие Џејлен Грин и Дилон Брукс, како и 10. пик од претстојниот НБА драфт.

По објавата на веста, на социјалните мрежи се појави видео од моментот кога Дурант дозна за трејдот и тоа се случи во моменти додека имаше интервју.

„Трејдуван си во Хјустон, како ти звучи тоа?“ – го праша водителката за време на еден настан, додека публиката реагираше со извици и аплаузи.
„Ќе видиме… ќе видиме што ќе се случува“, кусо одговори Дурант, не откривајќи многу околу своите емоции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот