Фото: Инстаграм/Игор Којиќ

ВИДЕО | Разменија прегратки и бакнежи: Игор Којиќ го прослави Божиќ со 15 години помладата сопруга

Поранешниот српски фудбалер Игор Којиќ го прослави христијанскиот празник Божиќ со 15 години помладата сопруга Софија Дачиќ. Двојката присуствуваше на празнична богослужба во црква, каде што нивната љубов и блискост не останаа незабележани.

Синот на пејачот Драган Којиќ – Кеба си сними заедничките моменти и ги објави на социјалните мрежи. Додека огнот горел, а огнометот пукал, Којиќ ја прегрнал сопругата. Со нежни бакнежи, тие ја внесоа празничната магија во секој момент, привлекувајќи внимание од присутните.

Двајцата изгледаат многу среќно во љубовта, а Софија не ја симнала насмевката од лицето додека сопругот ја бакнувал.

Да потсетиме, ова е втор брак на Којиќ, кој претходно ѝ беше сопруг на познатата пејачка Северина Вучковиќ.

Изгледа ова е крајот: Северина се разведува, Игор се отселил од станот? (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот