Љубомир Костовски - новинар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

ВИДЕО | Разговор со Љубомир Костовски: Лагата во медиумите може да ја произведе секој

Професионалното извршување на новинарската работа беше основа за да не се дозволи лагата да биде секојдневие во минатото како што е денеска.

-Технологијата денеска многу продонесува да се добие информацијата брзо, речиси неспоредливо брзо во однос на времето од пред неколку децении. Времето кога постоеја неколку медиуми беше невозможно да се помисли дека медиумот може да ги лаже граѓаните, односно на медиумот во основа сите му веруваа дека ја кажува вистината. Во претходниот период одреден медиум кога пишува за една тема може да нема доволно сознание и е принуден да чека што создава одредена фруструрачка состојба кај новинарот, но никогаш не би објавил свесно лага. Новинарот што ги почитува етичките и новинарските стандарди во професијата се придржува до основните правила на новинарството. Редовно се повикува на релевантен извор кога ја објавува информацијата и во овој поглед ние им веруваме на агенциите. Ова го истакна новинарот Љубомир Костовски во денешното издание на емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Против лагата може да се спротивставиме единствено со објавување на вистината. Меѓутоа, државата која има ограничен капацитет и мали ресурси не може ефикасно да ги распореди и распредели за рационално да ги користи во ситуација кога во општеството егзистираат огромен број медиуми.

-Штетата што ја прават одредени медиуми со производство на лажни вести можеме посредно да ја видиме на тој начин што во некои држави се случува едниот кандидат да ги загуби изборите како резуктат на системска кампања преку објавување лажни вести и информации. Потоа се објавуваат информации што се спорни и од аспект на нвната елементарна вистинитост. Меѓутоа во време кога информациите се добиваат со притискање на едно копче и се евидентира посетеност на тој портал не треба да бидеме изненадени дека медиумот може да објави информација со наслов „Цунами ќе го погоди Дебар“. Можеме да го поставиме прашањето за тоа која е личноста што објавила таква глупост, но сметам дека за неа тоа е ирелевантно од аспект на целта што ја има поставено медиумот, а таа е остварување профит преку висока посетеност на порталот, а не информирање на јавноста. Самото објавување на ваквата информација очекувам да предизвика вознемиреност во место кај граѓаните ако спрема веста пристапат некритички и веднаш поверуваат дека тоа е можно. Нашата добра околност, покрај ваквите производители на лажни, а со тоа и штетни вести е дека на друг медиум може да проверите дека веста не е вистинита,- истакна новинарот Љубомир Костовски.

Образованието е клучно за да може да се спротивставиме на објавувањето лажни вести. Влегувањето на лица во новинарството што немаат високо образование доведува и до ниско ниво на култура при вршење на работата во односите со соговорниците.

-Денес се многу пониски стандардите во новинарството во споредба со врмето од неколку децении. Истовремено, постоењето на повеќе од 100 радиодифузери како производители на програма не генерира квалитет, туку напротив го парцијализира колачот од кој може да се надеваат на добивка неколку радиодифузери кога би постоеле според примери на европските држави. Словенија има 4 радиодифузери и нема намера овој број да го зголемува и нивна процена е дека стануваат самоодржливи. Правната регулатива може да придонесе во регулирање на оваа проблематика по примерот на земјите од Балканот, вели тој.

-Македонија во изминатиот период во медиумите се соочи со лажговци со докторат кои за одредени цели свесно лажеа со исполнување на барањата од субјектите како организатори на политички настани, додава Костовски.

Целиот разговор со Љубомир Костовски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!