
ВИДЕО | Расел Бренд се огласи по обвиненијата за силување: „Никогаш не сум бил силувач“
Британскиот комичар и актер Расел Бренд се огласи по објавувањето на обвинителниот акт против него, во кој се товари за силување, недозволен сексуален однос, орално силување и две дела на сексуален напад врз четири жени.
Препорачано
Тој објави видео на платформата Икс, во кое се осврнува на вестите за обвинението.
„Бев будала пред да почнам да живеам во светлината на Господ. Бев зависник од дроги, зависник од секс и идиот. Но, она што никогаш не сум бил – не сум бил силувач. Никогаш не сум учествувал во нешто без согласност. Ве молам, препознајте го тоа гледајќи ме во очи“, изјави Бренд во видеото.
Обвиненијата против Бренд, кој сега живее на Флорида, произлегуваат од заедничка истрага на „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и Канал 4, објавена во септември 2023 година. Лондонската метрополитенска полиција го товари за сериозни сексуални престапи што, наводно, се случиле помеѓу 1999 и 2005 година во Борнмаут и Лондон.
Судењето е закажано за 2 мај 2025 година пред Судот во Вестминстер.
Во своето обраќање, Бренд изрази благодарност за поддршката што ја добива.
„Сакам да ви се заблагодарам за континуираната поддршка. Сакам да ве известам дека нашата емисија во понеделник ќе се емитува на платформата ‘Рамбл’. Ви благодарам и за поддршката таму, а секако, сега ќе имам можност да се бранам пред судот, и на тоа сум исклучително благодарен. Во меѓувреме, останете слободни и ќе продолжиме да зборуваме за оваа тема. Слава му на Господ“.
My response. pic.twitter.com/wJMGxlwBh0
— Russell Brand (@rustyrockets) April 4, 2025
Метрополитенската полиција ги повика сите кои се погодени од случајот или имаат информации, да се јават кај истражителите. Помош е достапна и преку организацијата „Рејп крајсис“.
По подигнувањето на обвинението, Бренд се појави на промоцијата на новиот албум на христијанскиот пејач Брендон Лејк во Чарлстон.
„Голема чест ми е што сум тука. Прекрасно е да се сведочи присуството на Господ. Те почитувам бидејќи не е лесно да се остане верен на Господ во светот на забавата. Чувствувам огромни промени и преобразби, и благословен сум што сум дел од заедница која може да поднесе толку многу промени“, изјави Бренд.
Суспендиран од „Јутјуб“: Расел Бренд останува без милион фунти годишно