Владимир Путин, претседател на Руската Федерација/Фото: EPA/VYACHESLAV PROKOFYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

ВИДЕО | Путин во посета на рускиот Далечен Исток пред средбата со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред да се упати на клучниот самит на американска територија со претседателот Доналд Трамп, застана во Магадан, руско пристаниште на Охотското Море, кое е оддалечено приближно 5.900 километри од Москва.

На агендата на рускиот претседател, според агенцијата Тасс, е посета на фабриката за преработка на рибино масло, на социокултурниот центар Мајак и споменикот во чест на херојските руски пилоти, а негов домаќин беше регионалниот гувернер, Сергеј Носов.

На интернет денеска кружеа многу видеа што ги снимија граѓаните од импресивниот конвој од оклопни возила, придружувани од патролни возила и амбулантно возило, како ги преминува затворените патишта на рускиот Далечен Исток кон брегот на Пацификот. Од Магадан до Енкориџ, Алјаска на Путин сепак му остануваат уште 3.200 километри во лет.

Драконските безбедносни мерки ја одразуваат сериозноста на закажаната средба со американскиот претседател на која крои судбината на Украина и евентуално примирје меѓу завојуваните страни кои се во војна повеќе од три и пол години.

„Градот е важен. Путин бил таму многу пати, дури и кога бил премиер“, рече портпаролот Дмитриј Песков, според државната новинска агенција ТАСС.

Летот од Москва до Магадан трае околу осум часа, а потребни се уште четири часа од Магадан до Енкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржи самитот. Поради различните временски зони што ги преминува, рускиот претседател во суштина ќе доживее два петоци: еден во Магадан и втор во Алјаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот