Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Путин: Русија тестира хиперсоничен проектил единствен на светот
Руското Министерство за одбрана денес ја тестираше хиперсоничната ракета Циркон. Тестот беше извршен од воената фрегата Адмирал Горшков и помина успешно.
Ракетата Циркон е наменета за копнени цели. Достигнува брзина од седум Маха и досегнува до цели оддалечени над 350 километри.
Препорачано
„За време на тестирањето потврдени се тактичките особини и техничките карактеристики на ракетата Циркон која успешно погоди цел на оддалеченост од над 350 километри“, стои во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Воената фрегата Адмирал Горшков при лансирањето се наоѓала во водите на Белото Море, а копнената цел била на брегот на Баренцовото Море.
Ракетните системи Циркон кои рускиот претседател ги најави уште во 2018 година како дел од спектарот хиперсонично оружје кое може да стаса до која било точка во светот, ќе влезе во вооружувањето на подморниците и руските воени бродови, пишува Јутарњи лист.
Според Путин, овој ракетен систем може да го избегне американскиот противракетен систем и поради тоа е единствен на светот. Тој најави дека оружјето ќе биде подготвено да дејствува во случај САД да распоредат нуклеарно оружје од среден дострел во Европа, потсетува Блиц.
Вакво оружје досега не е распоредено во Европа, но Москва стравува дека тоа во иднина би можело да се случи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
28мин
-
36мин
-
40мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5