Фото: Твитер/принтскрин

ВИДЕО: Путин е тажен поради она што се случува во Украина, вели руска пропагандистка

Главната уредничка на руската провладина телевизија „Раша тудеј“, Маргарита Симонјан, изјави дека властите во Москва, а и многу други луѓе во Русија, биле тажни поради она што се случува во Украина, а меѓу тие луѓе го вброи и рускиот претседател Владимир Путин.

Според Симонјан, никој не бил среќен затоа што во Киев сега немало струја. Таа вели дека луѓето во Украина треба тоа да го знаат и го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Не знам ниту еден човек што ужива во фактот што врз Киев паѓаат бомби“, рече Симонјан во гостување во дебатна емисија.

Видео од нејзиното гостување на телевизија на Твитер објави украинскиот функционер Антон Герашченко:

Маргарита Симонјан годинава беше ставена под санкции од Европската унија, како „централна фигура на руската владина пропаганда“, одговорна за „активности и политики кои го подриваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот